Димовски: Ова е најгруб фалсификат кој се случил во ова Собрание

by fokus

Пратеникот Илија Димовски на вечерашната седница на која се изгласа потребата за носење на Законот за јавно обвинителство по скратена постапка, обвини дека е направен фалсификат, затоа што текстот на Законот е доставен до Собранието без да има владина одлука за тоа.

-Ова е најгруб фалсификат кој се случил во ова Собрание. Нема одлука на Влада за предлагање на овој текст на Предлог законот. Овој текст сега е доставен од техничкиот премиер. Тој нема право да предлага закони, туку само може да ја застапува Владата и да доставува нејзини предлози. Во овој случај Владата нема донесено одлука за пуштање во процедура на овој Предлог закон, рече Димовски.

Поврзани новости