Димовски: Да потпишеш договор како оној со Грција и да добиеш само неколку убави зборови од ЕУ е промашена стратегија

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на својот Твитер профил вечерва го коментираше одбивањето на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ.

-Да потпишеш договор како оној од Нивици и за возврат да добиеш само тапшање и неколку убави зборови од ЕУ (што и беше причина за договорот и референдумот) е доволна причина да признаеш промашена стратегија. Лани ни одложија за една година, годинава – за пола, напиша Димовски.

Во следниот твит пак, Димовски напиша дека е оптимист за во октомври годинава, но и дека ЕУ ѝ удри шамар на Владата.

Поврзани новости