Пендаровски се сретна со семејства на загинати бранители

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со семејства на загинати бранители и воени и полициски ветерани. Како што соопшти претседателот, разговарале и за начините на кои државата може да им помогне.

-Се сретнав со членови на семејствата на загинати бранители, воени и полициски ветерани кои ме посетија заедно со Националниот координатор во Владата за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов и Драган Василевски, надворешен советник за одбрана на Премиерот. Имав можност да слушнам за нивните проблеми и предизвици, како и да поразговараме за начините на кои преку институциите во земјата можеме да дадеме поддршка за подобрување на нивната состојба, соопшти Пендаровски.

Поврзани новости