Коорднинаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска побара да им се забрани на пратениците цитирање на прислушуваните разговори кои ги објавуваше опозицијата, откако денеска при поставување на пратенички прашања пратениците од опозицијата цитираа делови од бомбите.
-Во Собранието се користат илегални материјали прибавени на незаконски начин. Тоа сум должен да го укажам затоа што таквата пракса е надвор од правниот систем на Република Македонија, порача Димовски откако побара процедурално да им се обрати на пратениците.
Тој исто така, и забележа на опозицијата за тоа што го ословува Никола Груевски како „премиер во заминување“. Според Димовски, тоа е навреда.
-Можеме да ви се обраќаме на вас како „пратеник во заминување“ или „партија во исчезнување“. Сакам само да покажам како не треба да изгледа парламентот, рече тој.
На ова реагираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, кој му порача на Димовски да не се однесува како адвокат на Груевски.
-Ми зборувате за забрани, мислите дека можете да го забраните она што пратеник сака да го каже тука? Тоа нема да се случи, ви гарантирам. На премиерот адвокат не му треба, може сам да си одговори тоа што пратениците го прашуваат, одговори Сугаревски,