За нереалните оценки виновна била транзицијата

by Фокус

-Проблемот со давањето на високи и нереални оценки од страна на наставниците, не на сите, но на еден значаен дел, датира од времето на транзицијата, време во кое се загубија многу морални вредности и критериуми и паднаа стандардите, рече премиерот Никола Груевски на денешната собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања.

Тој додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште од самото доаѓање почнала да размислува како да се надмине овој проблем, бидејќи пред нив никој не преземал ништо по ова прашање. Според Груевски, целта на екстерното тестирање е да учениците да се поттикнат да учат доколку сакаат повисоки оценки, а истовремено да се поттикнат наставниците да даваат реални оценки.

-Имаме дискусии кои планираме да ги пренесеме и во јавноста, на јавни расправи, да се извршат пошироки консултации па потоа ќе донесеме одлуки што од она што сме го дискутирале е доволно добро. Она што сега се размислува е во правец да се даде можност полагање, наместо еднаш да биде двапати, да се воведе поголем број на прашања за да се увериме дека ученикот добро ја разбрал суштината на лекциите. Се размислува дали ученикот ќе може да го преполага испитот. Имаше одредени дискусии во правец на подобрување на формулата за пресметка на просекот на ученикот и да се провери дали некои прашања ги има или не во учебниците, рече премиерот.

 

Поврзани новости