578
Илија Димовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била за членство во ЕУ и НАТО, додека тоа не било баш така со СДСМ.
-ВМРО-ДПМНЕ во континуитет има став дека местото на Македонија во ЕУ и НАТО, додека СДСМ во деветесетите години не мислеше така. Првиот момент кога Москва ќе крене уши, овие комунистиве од СДСМ ќе се завртат натака, смета Димовски.