Брнс: Многу сум задоволна поради огромната поддршка на Сенатот за Македонија во НАТО

by fokus

Американската амбасадорка Кејт Брнс ја поздрави ратификацијата на пристапниот протоколот на Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

– Многу сум задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.

Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 92 гласа „за“ и два „не“ го изгласа  пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.

Поврзани новости