Лидија Димова, пратеничка од СДСМ се сретна со повеќе европски парламентарци со британскиот пратеник Ричард Ховит, како и со Јорген Сил и разговараше за актуелните политички случувања во државата на дебатата организирана од Европските социјалисти и демократи од Европскиот парламент, на тема за надворешна политика на ЕП.
-Ховит и Сил, изразија загриженост за политичките случувања и побараа аболицијата од Ѓорге Иванов да биде целосно поништена. Силна поддршка и непречена работа на Специјалното јавно обвинителство мора да биде обезбедена. Европратениците од групата Европски социјалисти и демократи, дадоа поддршка на граѓаните кои секојдневно протестираат за враќањето на слободата и демократијата во Македонија -се наведува во партиското соопштение.