Димитров за „То Вима“: Ниту Атина, ниту Скопје, ќе ‘добијат’, доколку другата страна ‘изгуби’

by Fokus

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во колумна за неделното издание на грчкиот весник „То Вима“, вели дека одлуката да ја посети прво Атина, откако ја презеде функцијата министер, носела пораки на добра волја, познавање на заедничките интереси и потребата од соработка.

„Во Атина пристигнав како пријател, без предрасуди и скриена агенда, за да побарам поддршка од грчката Влада и од грчкиот народ на нашиот тежок пат кон ЕУ и НАТО. Признавајќи дека најголемиот предизвик за нашата евроатлантска кандидатура е во нашите односи со Грција, дојдов да го претставам новото лице на мојата земја: демократско, европско, свртено кон иднината и со намера да ги реши проблемите.  Ја пренесов пораката на еден добар сосед со почит и искреност“, пишува Димитров.

Тој нагласува дека новата македонска Влада постави позитивна агенда за надминување на  отворените прашања и оти македонските дипломатски напори во регионот ја одразуваат  подготвеноста да создаде нова енергија, нов дух на соработка за унапредување на односите со соседите и пријателите.

„Целосно сме решени да ја смениме суштината на нашите односи во функција на нашата заедничка европска иднина. Потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, кој беше силно поздравен од нашите стратешки партнери, ја демонстрира нашата способност да ги надминеме проблемите без интервенција на трети страни, во европски дух и на некој начин како инспирација за регионот. Тоа е духот што се обидуваме да го негуваме во односите со сите наши соседи – пишува шефот на македонската дипломатија.

Поврзани новости