На Горан Грујевски му се суди во отсуство

by fokus

Во Кривичниот суд денес почна главната расправа за случајот на СЈО „Тврдина 2“, откако судијката донесе одлука на првообвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство, кој веќе три месеци е во бегство. Покрај Грујевски, во овој случај за уништување на службена документација поврзана со нелегалното прислушување обвинети се уште шест вработени во УБК.

Но само што започна судењето, судијката на барање на одбраната и обвинителите, ја исклучи јавноста од главната расправа поради изведување на доверливи информации.

Според обвиненито, Грујевски и шестмина службенички во Управата за безбедност и контраразузнавање се обвинети за уништување на службена документација и за фалсификување на службени исправи во случајот, кој според СЈО, е поврзан со уништувањето на доказите за нелегалното прислушување кое се одвивало во државата.

Горан Грујевски веќе трет месец е во бегство. Министерот Оливер Спасовски неодамна изјави дека МВР секојдневно добива нови сознанија за можната локација каде што се крие.

Поврзани новости