579
Министерот за надворешно работи, Никола Димитров, денеска од Битола рече дека има убави вести за градот.
-Имам една убава вест, дел од тоа можеби е најавено во периодов, меѓутоа во преговори сме и во прилично последна фаза ги договараме условите на делумно евтин кредит, евтин грант со јапонската агенција на развој JKA за нивна поддршка и со нивната компанија Мицубиши во однос на РЕК Битола, производството да биде многу почисто и поеколошко. Мислам дека тоа е доста важно прашање и за Битола како град и воопшто за Македонија како држава, рече Димитров.
Тој додаде дека мора да ги убедиме младите дека имаат иднина во Македонија, а за тоа треба дома да имаме ред и систем што ќе биде чесен.