Екс министерот за надворешни работи – Никола Димитров вечерва на Тв21 рече дека со неговата невладина организација „Солуција“ направиле истражување, кое покажало загрижувачки резултати.
„Имавме истражување, неодамна, по празниците, од 9. до 21. јануари, и целта беше да ги прашаме граѓаните каква им е маката? Кои се најголемите проблеми на државата, и кои се најголемите предизвици за нив. Резултатите не се добри, не ни е добра ситуацијата во земјата, некаде големо мнозинство сметаат дека земјата оди во лош правец и тоа некаде над 70%, некаде 11% мислат дека оди во добар правец. Ако ги прашаме дали законот важи еднакво за сите, речиси никој не се согласува со тоа. Минорно 2-3 проценти се согласуваат дека важи еднакво за сите. На прво место маката им е корупцијата, ниски приходи на второ место, и криминалот на трето место, а четврто место сиромаштијата. Луѓето во главните проблеми гледаат дека нема правда, нема ред и нема закон и тешко се живее економски. Интересно нема некакви крупни разлики меѓу Македонците и Албанците“ – рече Димитров.