Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, порача дека не може да се повлекува паралела меѓу шарената револуција и движењето „бојкотирам“, бидејќи, вели тој, бојкотирањето на референдумот повик за багање од одговорноста.
„Шарената револуција е жед за ОДГОВОРНОСТ во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда.
Бојкотирам е повик за НЕОДГОВОРНОСТ, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница.
Да се размислува за некакви паралели меѓу нив е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина“, напиша Димитров.