Доктор побарал мито од 750 евра од пациентка

by fokus 11:35
11:35

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Ужице, го уапсија Д.А, лекар специјалист од Општата болница во Ужице, осомничен за примање мито.

Постои сомнеж дека Д.А. побарал и прими мито од 750 евра како би прекинал бременост на пациентка, која била во 17 седмица од бременоста, нешто што не е дозволено.

- Advertisements -

Кривична пријава е поднесена уште против четири лица, поради сомнение дека извршиле кривично дело „давање мито“.

 

Поврзани новости