Димитров: Ова беше разговор без надмудрувања

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по тричасовната средба со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, изјави дека разговорите биле искрени и отворени. Министрите разговарале за разликите околу прашањето за името. Како што рече Димитров, за дел од тие прашања има напредок бидејќи се созреани, но за дел се уште постојат разлики.

-Разговаравме за прв пат за временската рамка и за чекорите доколку се постигне решение како тоа ќе се имплементира. Ова беше разговор без надмудрувања, со големо разбирање за потребите на другиот, и нашиот главен предизвик е како да ги доближиме двете страни. Додека ние разговаравме имаа средба и работните групи составени од високи дипломати кои врз основа напредокот кој го направија на средбата во Виена пред десет дена, практично го усогласија текстот за идната соработка во различни области. Тие работеа исто така на текст за спречување на иредентизмот од двете страни. Ќе ги информираме за овие разговори нашите премиери, процесот продолжува, има закажано во следниот период нова средба, но ќе бидеме во контакт следните денови, штом ќе имаме нешто конкретно ќе ве информираме – рече Димитров по средбата на заедничката прес конференција.

Поврзани новости