Во судница се слушаат прислушувани разговори на Заев, јавноста е исклучена

by Fokus 12:31
12:31

Во моментот на судењето на случајот Поткуп, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев во судница се слушаат прислушувани разговори кои со употреба на посебни истражни мерки биле обезбедени во истрагата за овој случај.

Поради тајноста на овие докази, а на кои се се слуша гласот на Заев, јавноста беше исклучена од рочиштето.

Засега е непознато и дали во судница јавно ќе биде презентирана снимката на која Заев и бизнисменот Сачавалиев зборуваат за донација за изградба на црква.

Заев и неговите адвокати побараа оваа снимка да биде презентирана јавно бидејќи според нив, снимката која беше објавена на јутубе, а со која се создаде впечаток дека Заев барал поткуп е нецелосна.

Обвинителката во случајот, пак се спротистави на ваквото барање и затоа поднесе жалб до апелација, која што треба да одлучи дали новинарите ќе можат да го видат овој доказ.

В.В.

 

Поврзани новости