Димитров: Новата Влада е цврсто решена Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО

by Fokus

Новата реформска Влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена нашата земја да стане дел од евроатланските интеграции, а тоа е шанса не само за Република Македонија, туку и за регионот и за самиот процес на пристапување, истакна Никола Димитров, новиот министер за надворешни работи во рамките на состанокот на лидерите од Процесот „Брдо Бриони“, што на 3 јуни се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија.

Тој подвлече дека независните и силни институции се стожерот на стабилноста на државите. Јакнењето на институциите, владеење на правото, промоција на култура на дијалог и компромис се нашите аргументи за забрзана евро-атлантска интеграција.

– ЕУ треба да остане искрена и директна при евалуирањето на нашите реформски и демократски процеси. Наша задача е да работиме на квалитативна трансформација на нашето општество. Да работиме на обезбедување на одговорно владеење и независни институции. Нашата цел е да изградиме модерна европска демократија, а ЕУ адекватно да ги валоризира реформите на тој пат. Зачленувањето во ЕУ и НАТО е нашиот врвен стратешки приоритет – заклучи министерот Димитров.

Поврзани новости