368
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот твитер профил напиша дека никој од соговорниците со кои досега имал средби не побарал Македонија да стане дестинација за бегалци.
– Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја дестинација за бегалци. Факт – нагласува Димитров на својот твитер-профил.