На 4 септември собраниска седница за огласот за нов јавен обвинител

by Fokus

Предлогот за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија ќе се најде на собраниска седница на 4 септмеври.

Во образложението Владата на Собранието му предлага именување на нов јавен обвинител имајќи го предвид разрешувањето на Марко Зврлески од 17 август.

Советот на јавните обвинители ја одложи вчерашната седница на која требаше да се избере заменикот на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, кој би ја извршувал оваа функција се до изборот на нов јавен обвинител во Собранието. Седницата беше прекината поради немање кворум и се одложи за 29 август, во вторник.

Поврзани новости