МРТ ќе плати над 400 илјади евра за услуги од авторска агенција

by Fokus 11:10
11:10

Македонската радио-телевизија планира да потроши 25 милиони денари или речиси 406 илјади евра без вклучен ДДВ за подготовка на авторски договори, договори за дело, договори за хонорарно ангажирање, обезбедување авторизации за објавување дела, трансфер на средства на автори и носители на авторско право во странство и обратно и други услуги од авторска агенција, пренесува Макфакс.

Набавката на услугата, меѓу другото, предвидува и подготовка на договори за издавање фактури за исплата на авторски хонорари.

- Advertising -

Објавен е оглас со спроведување отворена постапка и електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки. Во тендерската документација пишува дека процентот на провизија за авторската агенција ќе се однесува на нето-авторскиот, односно консултантски хонорар.

Поврзани новости