Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вели дека централниот споменик во Скопје, Воинот на коњ го добил своето име откако адвокатите кои ја застапувале Македонија во процесот против Грција во Хаг, строго сугерирале да нема нови провокации.
-Некои ми велат „ти си ми херој“, им велат благодарам тоа ми е должност да го решам проблемот. На тие што ме викаат предавник, им велам да, предавник сум на криминалот, на лагите, измамата. Не можете да ја браните македонштината со овој Воин на коњ. Така се вика бидејќи се случуваше во време на судскиот процес во Хаг. Нашите адвокати строго сугерираа како ќе се вика. Не можете да бидете јунак на денот, а да си ја загрозите државата. За вакви прашања историјата ќе суди. Но нашите деца очекуваат да имаме држава, да се живее убаво – изјави тој во вечерашното интервју за „24 вести“
Димитров ја критикуваше надворешната политика на преходната власт.
-Мора да има елементарна доза на одговорност и да се внимава што се зборува во ваква историска година. Тврдењата дека ние ќе направиме подобар догов… Па преку антиквизација истите тие што го тврдат тоа дадоа куп аргументи на негативните сили во Атина кои се незаинтересирани за решение. Го комплицираа процесот. Со клоцање и надмудрување се обидуваа да не пикнат во дупка поради што ние немавме стартна позиција. Се бавеа со произведување непријатели и наративи дека светот не не сака, дека сето ова е неправедно. Не може нашиот идентитет да го браните на нашиот плоштад – рече тој.