Странска инвестиција под истрага, Муареми вели дека штетата се брои во милионски суми

by fokus

Странски инвеститор е под истрага на Финансова полиција. Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми во интервју за Фактор вели дека штетата се брои во милионски суми. Истрагата, додава тој, ќе покаже дека дел од странските инвестиции се дојдени само за да земат што е можно повеќе пари од државата.

-Во иднина ќе обелодениме и друг финансиски криминал кој бил на штета на буџетот на државата. Ние како земја имаме функционери кои направиле голема штета на буџетот, но да оставиме време. Во бројка не можам да кажам, но сега за брзо време ќе излеземе со уште еден случај кој како инвестиција е со поголеми размери и со милионски суми во евра како штета.  По завршувањето на истрагата ќе се уверите дека има и такви странски инвестиции кои се дојдени со една намера. Што повеќе да добијат и од државата и од другите фондови и да си отидат од РМ – вели директорот.

Тој открива дека освен за мостот Око, Финансова истражува и други објекти од проектот „Скопје 2014“. Меѓу нив се изградбата на Филхармонија, Водовод и на Државен архив.

-Мислам дека  за брзо време ќе бидат завршени. Не застануваме, продолжуваме со испитување во случајот Скопје 2014. Детали не треба да се соопштуваат, но многу од наодите ќе ги имаме набрзо – вели тој.

 

Поврзани новости