Димитров стартува кампања „Прашајте го министерот“, секој четврток ќе одговара на прашања од граѓаните

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, најави дека од следната недела ќе стартува проектот „Прашај го министерот“ и секој четврток ќе одговара на прашања од граѓаните поставени преку социјалните мрежи. Во текот на неделата граѓаните ќе поставуваат прашања, а секој четврток приквечер Димитров ќе ги одговара на истите преку снимка во живо на социјалните мрежи.

Целта е да се запознаат граѓаните со детали од Договорот со Грција, да се расчистат дилемите и заблудите.

Во денешното гостување на „24вести“ Димитров им порача на гледачите да го прочитаат договорот.

-Анкетите покажуваат дека многу мал број од нив го направиле тоа. Уште сега им се извинувам на граѓаните затоа што следниот период често ќе ме гледаат по екраните, во нивни домови и градови и населени места. Ќе направам се што можам, огромен е влогот, пред нас е одговорна одлука, каде сакаме да биде Македонија – изјави тој.

Поврзани новости