Димитров: Направени се два клучни чекори во односите со Грција

by fokus

Направени се два клучни чекори што не се директно поврзани со разликата околу името, но го отсликуваат духот и новата надворешна политика на Македонија, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во пресрет на средбата со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас.

-Важно е да воспоставиме отворена релација, да видиме што е најважно за Грција и да го објасниме тоа што е најважно за Македонија. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи – истакна министерот.

За време на коференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО“, Димитров додаде дека Грција како членка може да игра важна улога во туркање на целиот регон на Балканот кон вратите на ЕУ и НАТО.

Поврзани новости