Новиот објект на НБРМ ќе се гради врз подземни инсталации, 200.000 евра за заштита на градежната јама

by fokus

Народната банка на Република Македонија склучи анекс на договорот за изградба на новиот административен објект со градежната фирма „Бетон – Скопје“ поради непредвидени работи. По отпочнување на изградбата се појавиле подземни инсталации на ЈП Водовод и Канализација, БЕГ и ЕВН, кои мораат да се заштитат за да не дојде до хаварија или нивно оштетување.

„Станува збор за инсталации од водовод, атмосферска и фекална канализација, топловоден канал, високонапонски кабли и други подземни инсталации. За изведување на градежните работи – заштита на градежната јама, неопходно е да се предвиди и изведе заштита на истата за да не дојде до хаварија или оштетување на постоечките инсталации. Предлог проектот содржи изведување на армиранобетонски шипови кои ќе се поврзат со поврзна греда и истите треба да бидат вкопани во носивото тло“, ја образложуваат од НБРМ причината за анекс договорот.

Новата зграда на Народна банка до сега чини околу 24 милиони евра и ќе биде изведена во неокласичен стил, карактеристичен за „Скопје 2014“. На фасадата ќе има столбови и склуптури, по идејното решение на архитектите Никола Стакинов и Лазар Димов, автори на дел од новите фасади од централното градско подрачје.

Градежното земјиште и е доделено на НМБРМ на трајно користење од страна на Владата. Новата локација Народна банка ја доби откако претходно ја врати доделената парцела пред зградата на „Лумикс“ на плоштадот „Македонија“, каде е предвидена изградба на т.н. шпански скали.

Поврзани новости