Сугаревски сака да го раздвижи авиособраќајот на охридскиот аеродром

by fokus

Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид е неискористен потенцијал и во таа насока ќе се обидеме да го раздвижиме авиосообраќајот и на тој аеродором и да обезбедиме што повеќе дестинации од страна на нискобуџетни компании, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, на денешната средба со претставници од нискобуџетнта авиокомпанија Визер.

Развивањето на авиособраќајот во овој дел од Македонија би се спровело со зголемување на капацитетите на Охридскиот аеродром и негово промовирање во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат летови за бројни дестинации, најави Сугаревски.

„Тоа е и една од мерките предвидени во Програмата на Владата на Република Македонија. Нашите заложби како Влада и понатаму ќе континуирано подобрување на авиосообраќајот во Република Македонија. Политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на достапни дестинации во Европа и светот”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Авиокомпнијата Визер превезува над половина од вкупниот број на патници превезени на двата аеродроми во Македонија и обезбедува летови кон 27 дестинации.

 

Поврзани новости