Димитров на Твитер: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, но на крајот ќе не биде!

by Fokus

Задоволството од денешниот ден во Собранието и 80 пратеници кои гласаа „за“ пристапување кон уставни измени, беше огромно кај министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Тој на својот Твитер налог порача дека на Македонија се уште и претстои голема работа, но додаде дека „ќе не биде“.

„Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот. Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ЌЕ НЕ’ БИДЕ! И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме.“

Поврзани новости