Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ја оствари својата прва средба со амбасадорот на Европската Унија во Репубика Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата Димитров разговараше со Жбогар за подготвеноста на Владата за имплементација на клучните реформи, со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори, информираат од МНР.
„Придвижувањето на евроинтеграциските процеси ќе овозможи отворање на дискусија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во Европската унија“, соопшти МНР.
На средбата била искажана заедничка подготвеност за динамична соработка во насока на остварување на овие цели.