Датумот на одржување на референдумот се поклопува со роденденот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е роден токму на овој датум во 1972 година. Тој е и потписник на Договорот во Преспа, за кој граѓаните ќе гласаат на 30-ти септември. Уште една коинциденција е тоа што на самиот ден на потпишување на Договорот, се славаше, пак, роденденот на долгогодишниот медијатор во спорот, Метју Нимиц.
„30 септември. Денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови. Денот кога сами ќе ги отвориме вратите кон НАТО. Кон ЕУ. Кон иднината. Денот кога конечно ќе излеземе од чекалната и привременоста. За да не’ биде, за да си ја зацврстиме државноста и за да создадеме услови за пристоен старт на следната генерација. 30 септември – љубов (кон татковината), вера (во нас самите) и надеж (во иднината). Ах да, и ова: 30 септември – родендени кај нас Димитрови“, напиша Димитров на својот фејсбук профил откако парламентот вчера донесе одлука за распишување на референдумот.
30 септември Денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови.Денот…
Publiée par Nikola Dimitrov sur Lundi 30 juillet 2018