Си го пронашла сопругот мртов покрај трансформатор

by fokus

Во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош од Неготино било пријавено дека С.Ј. го пронашла починат нејзиниот сопруг М.Ј.(57).

Случајот бил пријавен вчера во 7 часот, а телото на починатиот било пронајдено покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Поврзани новости