428
Целата италијанска и светска јавност е во шок, откако вчера се сруши надвозник кај Џенова, при што животот го загубија 35 лица. Десетици други се повредени а не се исклучува можноста и бројката на жртви да порасне.
Македонскиот министер за надворени работи, Никола Димитров, на својот Твитер налог испрати порака со сочуство до фамилиите на сите луѓе кои го загубија животот во оваа несреќа.
„Мое најдлабоко сочувство за трагичната несреќа во Џенова. Тажна загуба. Нашите мисли се со семејствата што ги изгубија своите блиски и сите други засегнати. Останете силни“, порача Димитров.