За разлика од Македонија, 40 милиони Германци читаат дневни весници

by fokus 10:23
10:23

Во моменти кога Македонија се соочува со огромни проблеми со весниците и нивниот намален тираж, во останатите земји од светот се уште се читаат дневните весници, а некаде се жалат и на намалување на читаноста.

Во последните 12 месеци печатените медиуми во Германија загубија повеќе читатели во споредба со минатата година, јави германската новинска агенција ДПА.

- Advertisements -

Во 2018 година 39,3 милиони луѓе во Германија читале дневни весници. Тоа е пад за 1,3 милиони читатели од 2017 година досега, се наведува во извештајот на Работната група за медиумски анализи со седиште во Франкфурт.

Со анализата не е опфатено читањето на електронските изданија на весниците.

Во моментот печатени медиуми читаат 55,8 отсто од Германците над 13-годишна возраст. Во 2017 година нивниот процент изнесувал 57,9.

Најпопуларен дневен весник и понатаму е „Билд“, него го читаат 9,42 милиони луѓе. Но, и неговата читаност бележи пад од 350.000 луѓе во споредба со минатата година.

„Зидојче цајтунг“ добил 10.000 нови читатели во споредба со 2017 година и има тираж од 1,25 милиони, додека бројот на читатели на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ не е промент со 760.000, а „Велт“ загубил 50.000 и сега има 660.000 читатели.

– Падот на бројот на читатели во последните години ја одразува промената на односот на граѓаните кон печатените медиуми. И покрај топа весникот останува стабилно и квалитетно средство за реклама, изјави директорот на Одделението за дневни весници на Работната група, Герхард Мјулер.

Извештајот е изработен на премерок од над 130.000 луѓе на возраст над 13 години, кои одговарале на прашањето кои печатени изданија на весниците ги читаат.

Поврзани новости