Без вода две улици во Кисела Вода

by fokus

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин на водоснабдувањето во две улици во Кисела Вода.

„Ве известуваме дека на ден 15.08.2018г.поради промена на шибер Ф-80мм и промена на хидрант на ул.Христо Татарчев бб кај кружниот тек во населбата Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Димо Хаџи Димов како и куќите од броевите 50 до 70 на улицата  од 09:20часот до завршување за превземените активности“, информираа од таму.

Поврзани новости