Курти најави тужба за геноцид против Србија

by fokus 18:24
18:24

Косовскиот премиер Албин Курти најави денеска дека неговата Влада ќе поднесе тужба против Србија за геноцид во војната во Косово во 1998-99 година;

– Ќе изготвиме тужба за геноцид против Србија пред Меѓународниот суд за правда, изјави Курти на денешната седница на Владата, на која беше усвоена четиригодишната програма за работа на неговиот кабинет.

- Advertisements -

Тој рече дека со Србија во иднина ќе се води „принципиелен дијалог“, кој треба да резултира со меѓусебно признавање.

– Ќе водиме со Србија принципиелен дијалог, кој ќе биде подготвен, со договор за меѓусебно признавање, порача Курти, нагласувајќи дека меѓу приоритетите во надворешната политика ќе биде зближувањето и тесната соработка со Албанија.

Образложувајќи ја програмата за работа на Владата во наредните четири години, косовскиот премиер рече дека нејзина главна цел ќе биде справувањето со пандемијата на Ковид-19 и „ублажувањето на последиците предизвикани од претходната влада“.

– Со мерките кои ќе ги преземеме ќе ги поддржиме работниците кои ги изгубија работните места, лицата кои се вработуваат за првпат и бизнисите. Ќе обезбедиме додатоци за децата и гарантирано сезонско вработување за еден член на семејството, рече Курти

Поврзани новости