Димитриевски сака да ја реформира СДСМ

by fokus

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма изјави дека уште е член на СДСМ.

Тој потенцираше дека досега не разговарал со никого од политичките партии, но ја бара поддршката од сите граѓани.

Димитриевски посочи дека е член единствено на една политичка партија, но нема обврска да застанува на ничиј митинг, а многу пати бил повикан на различни форуми кои не биле во организација на неговата политичка партија и присуствувал.

„Но, она што е најважно мојата идеологија е социјалдемократска. Ќе направам се мојата партија да се реформира во целост и да биде демократска партија, бидејќи ги изгуби принципите на државотворност и демократија. Ќе го вложам својот максимум да ја вратам партијата таму кадешто треба. Тука е статутот нека одлучуваат органите и телата на партијата, но она на што денеска наликува лидершипот на мојата партија беше нешто против што во минатото се боревме и тоа се апострофира многу негативно на план во Куманово особено со злоупотреба на МВР како институција под раководство на Оливер Спасовски“, истакна Димитриевски.

 

Поврзани новости