Димитриевски до Грците: Ние сме Македонци, ако и вие се чувствувате така, ајде да живееме заедно

by fokus

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук им порача на Грците дека доколку и тие се чувствуваат како Македонци, да започнат заеднички мирољубив живот со нас.

-Мојот дедо, татко, јас, моите роднини, моите синови се родени како Македонци и како Македонци ќе го напуштиме овој свет по божјата волја. Со голема почит кон секој грчки граѓанин, доколку се чувствувате како Македонци, ајде да живееме заедно, мирољубиво на ова парче земја кое се вика Балкан и е дел од европско тло, тоа е ваш избор, а исто така и наш, напиша Димитриевски како коментар на едно видео од вчерашниот протест во Атина.

 

Поврзани новости