Кривична пријава против член на Левица поради сликање на избирачко место

by fokus

Од Левица денеска информираа дека против нивниот член Коста Карев, поднесена е кривична пријава. Причина за пријавата било тоа што Карев фотографирал луѓе во автомобил пред избирачко место во Гевгелија.

-По кривичните постапки против нашите членови Здравко Савески и Мариглен Демири, сега и против Коста Карев е поведена кривична постапка. Тој е обвинет за злоупотреба на лични податоци по член 149, ст.1 од Кривичниот законик. Кое е неговото злосторство? Дека за време на локалните избори фотографирал луѓе што седеле во автомобил пред избирачкото место 0340 во Гевгелија со списоци во кои евидентирале кој бил да гласа, а кој не. Го сликал и полицаецот што го легитимирал и тоа го објавил на ’Фејсбук’. Поради ова „злосторство“, тој утре треба да се појави на суд!, велат од партијата преку соопштение до медиумите.

 

Поврзани новости