Димитриевски до Ахмети: Дојди да запееш во гимназијата „Сами Фрашери“ и да видиш каде учат учениците

by Fokus

Кога го виде видеото од лидерот  на ДУИ како пее, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го повика Али Ахмети да оди да запее во техничкото училиште и гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и да види во какви услови учат учениците Албанци.

Димитриевски ја обвинува власта бидејќи не го решила овој проблем.

Според него, недостига волја, бидејќи доколку имало такво нешто, дислокацијата и новиот објект за гимназијата Сами Фрашери и  за техничкото училиште,  паралелки на албански јазик одамна ќе беа направени.

Поврзани новости