Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот
-Христовото воскресение е најзначајната појава во историјата на човештвото. Славејќи го овој голем ден ја славиме победата на животот над смртта, вечноста над миговноста, го следиме патот на светлината и добрината. Христос воскресна за спасение на човековиот род и со воскреснувањето ни отвори нови порти, порти низ кои треба да помине секој оној кој живее доблесно, честито и богоугодно, секој оној кој живее според неговите поуки за добар и богоугоден живот, вели Димитриев во својата честитка.