Заев: Секој предизвик е шанса за нов почеток

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, како и до сите граѓани од католичка вероисповед и други кои го празнуваат денешниот ден,  во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое име.

-Пожелувам добро здравје, мир, семејна харомонија и лична и колективна благосостојба за сите. Ова се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во вистината и правдата и истрајната посветеност кон базичните вредности на човековата личност што водат кон спокој. Но секој предизивик е шанса за нов почеток. Големите празници носат и голема духовната сила, потребна на секој кој се определил за патот на доброто. Денешниот ден, овој најголем христијански празник на победата на животот над смртта, нека ја поттикне таа духовна сила, храброст, трпелливост, мудрост во секое срце, вели Заев во честитката.

Поврзани новости