347
Премиерот Емил Димитриев по повод празникот Илинден денеска беше во Крушево, каде на Мечкин Камен имаше и свое обраќање. Тој повика на единство на сите расположливи капацитети во државата во процесите за развој и просперитет на татковината.
-Само така, и со силно единство наместо со надворешно мешање, можеме да продолжиме да чекориме по патот на развој и просперитет на нашата татковина и да го исполниме аманетот на нашите предци за борба за Македонија, рече Димитриев.
Димитриев упати апел за свесност и совесност во процесот на разрешувањето на политичката криза и излез од неа, во кој единствен приоритет, како што рече тој, треба и мора да бидат државните интереси и интересите на граѓаните.