Премиерот Емил Димитриев на денешната посета во Стајковци, едно од најпогодените села од невремето, рече дека жителите од поплавените подрачја ќе добијат пет слободни денови од работа за да да може да ги расчистат домовите.
Димитриев информира дека комисиите за проценка на штетите од денеска работат на терени и по проценката парите ќе им бидат префрлени на граѓаните, а наскоро ќе почне и исплатата на еднократката парична помош од 3 илјади евра за семејствата кои загубија некој член.
Премиерот рече дека во моментов е ангажирана и војската и полицијата, како и волонтери за зарасчистување на штетите од поплавите. Освен тоа, на терен биле и министри, кои како што рече Димитриев, ги координирале сите ангажирани институции.
Заедно со Димитриев во Стојковци беа и министрите за финансии Кирил Миноски и за труд и социјална политика Диме Спасов.