Причината за смртта на загинатите во невремето останува мистерија

by fokus

Како загинале жртвите од катастрофалното невреме во Скопје и два дена по несреќата останува мистерија. Дали се удавиле, повредиле, починале од природна или насилна смрт, нема да се испитува.

Наместо во Институтот за судска медицина, телата на загинатите се предадени во капелата во Бутел, бидејќи таква одлука донело Јавното Обвинителство. Од Институтот за Телма, велат дека се прекршени меѓународните протоколи за масовни несреќи, бидејќи со ваквата одлука на Јавното Обвинителство ќе биде нејасно кога и како настанала смртта.

Од Јавното обвинителство  пак, велат дека немале надлежност да издадат налог за обдукција на жртви, настрадани во елементарна непогода, бидејќи немало индиции за кривично дело.

„Со оглед на тоа што во случајот не постоеше сомнение за сторено кривично дело, надлежен јавен обвинител не издаде наредба за обдукција туку даде насока телата на починатите да се однесат во капелата во Бутел за идентификација и потоа да се предадат на семејствата за погреб“, велат од обвинителоството.

Обдукција според нашите закони, може во вакви околности да побараат семејствата на удавените, која чини од илјада евра нагоре, зависно од вештачењата, а која би ја платиле приватно.

Инаку, семејствата на загинатите од невремето од Куманово, Тетово, Крива Паланка два дена чекаат пред капелата во Бутел за да ги земат телата на нивните роднини. Собирањето и  средувањето на документите што им ги бараат од институциите, велат дека оди многу бавно и бараат помош од надлежните за да можат своите достојно да ги испратат до вечното живеалиште.

Поврзани новости