Заев: Време е за конкретна помош на граѓаните

by fokus 14:06
14:06

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска е во посета на Сингелиќ и Стајковци, едни од најпогодените места од големото невреме. Претседателот на партијата порача дека сега не е време за критики, ниту за сликање и давање посебни изјави,  туку дека е потребна конкретна помош за загрозените семејства.

– Сите наши активисти од Социјалдемократскиот сојуз коишто се овде со алатки за помагање ќе се распределат денеска во две групи, во Сингелиќ и во Стајковци. Продолжуваме утре во Булачани, Црешево и на други места. Дојдовме со неколку специјализирани возила за испумпување на вода и со технички води од противпожарните станици, тоа се десетина возила. Дојдовме со донаторска помош, пред се вода и прехранбени продукти коишто ќе бидат поделени овде во регионот. Се надевам дека сите граѓани коишто можат да се вклучат во помошта ќе помогнат, но тоа да го прават на координиран и организиран начин и навистина е време за помош – изјави Заев.

Заев најави дека општинските претпријатија на Куманово, Струмица и Центар кои што доаѓаат со свои ресурси, ги ставаат целосно на располагање на државниот штаб, на штабот на градот Скопје и штабот на општина Гази Баба, во функција на координирано и организирано помагање.

 

Поврзани новости