493
Македонскиот премиер Емил Димитриев летниот одмор ќе го помине во Црна Гора заедно со неговото семејство.
Димитриев деновиве ќе отпатува во Црна Гора каде ќе искористи дел од својот летен одмор, по што ќе се врати во земјава за да ги продолжи бројните работни обврски, известија од премиерскиот кабинет.
Што се однесува до поранешниот премиер, Никола Груевски тој денеска заедно со неговото семејство заминал во Анталија, Турција. Како што соопштија од неговата партија, во следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, каде што ќе престојува во приватнa режија и аранжман.