Димитриев: Изборите ќе бидат по сите европски стандарди

by Фокус

Изборите што ќе одржат ќе бидат фер, демократски и кредибилни, по сите европски стандарди, рече техничкиот премиер Емил по средбата на која амбасадорите на САД и ЕУ му доставија писмо со три услови кои треба да бидат исполнети до 20 февруари. Димитриев смета дека стандардите се јасни и прецизни, има услови и има време и ресурси сето тоа да се организира.

-За избирачкиот список информиран сум дека сите партии освен СДСМ се откажаа од сите амандмани кои ги имаа поднесено, ДИК ја утврди предлог методологијата едногласно со согласност од сите членови од ДИК, со поддршка дури и од оние кои се предложени од страна на СДСМ. Фактот што се бара начин да се тргува методологијата со медиумите како што една од партите тоа деновиве го изјави, само покажува дека методологијата не е воопшто проблем, туку дека е инструмент кој некој сака да го користи за опструкции и нови проблем, обвини техничкиот премиер.

Тој ја повика  СДСМ денеска да ја извести ДИК, како што тоа го направиле сите други политички партии, дека ја прифаќа методологијата за прочистување која ДИК едногласно ја донесе.

Поврзани новости