ЕУ и САД до 20 февруари ќе оценат дали има услови за избори во април

by Фокус

Евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли на денешната средба му доставија писмо на техничкиот премиер Емил Димитриев во кое се наведени три основни услови кои треба да се исполнат за фер и демократски избори. ЕУ и САД до 20 февруари ќе оценат дали овие услови и исполнети и според тоа дали на 24 април може да се оджрат избори.

Трите услови се однесуваат на Избирачкиот список, реформите во медиумите и одвојувањето на државата од партиските активности. За Избирачкиот список се бара до 19 февруари да се извршат првичните вкрстени проверки на сите релевантни бази на податоци за да се процени колку би траел  процесот на проверки, вклучувајќи  ги и теренските. Потоа треба се отстранат непостоечките гласачи кои ги има во списокот.

-Пред распуштање на Собранието, но не подоцна од 20 февруари, Европската Унија и Соединетите држави во консултации со локални експерти заеднички ќе оценат дали се исполнети условите што би воделе до одржување на веродостојни избори на 24 април, рече Аиво Орав, амбасадор на ЕУ.

Вториот услов е телевизиите  да го почитуваат законот за објективно и непристрасно известување.  Третиот услов е одвојување на државата од партијата, односно сите јавни фукционери ќе треба да дадат јасни изјави и писмени инструкции дека нема да се толерираат притисоци врз вработрените во јавната админстрација заради партиска припадност.

Поврзани новости