Јанева ќе поднесе тужби против медиумите кои ја клеветат

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство изразува загриженост за начинот на известување на одредени медиуми поврзан со работата на ова Јавно обвинителство, како и работата на Специјалната јавна обвинителка и јавните обвинители.

-Ги демантираме во целост наводите објавени од страна на Курир и други медиуми дека од страна на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство постапувано е спротивно на законските одредби во преземањето на процесните дејствија, како и дека ваквите наводни активности се по налог на Катица Јанева. Ова Јавно обвинителство, иако беше изложено на неосновани напади и во претходниот период, покажа висок степен на толеранција спрема лицата кои изнесуваа невистини, навреди, клевети и се служеа со говор на омраза насочен кон обвинителството. Со оглед дека бројните апели од наша страна не дадоа резултат, а како е потребно да се заштити интегритетот и безбедноста на јавните обвинителии нивните семејства, ја известуваме јавноста дека во периодот што следи против одредени лица ќе бидат покренати соодветни граѓански постапки за клевета и навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување на кривично дело.

Специјалното обвинителство апелираше  до сите медиуми и поединци да се воздржат од произнесување на невистини за работењето на ова Јавно обвинителство и да се воздржат од негово етикетирање и ставање во функција на дневно политички цели.

Поврзани новости