Димитриев: До вторник сите ќе го добијат авансот за поплавите

by fokus

Премиерот Емил Димитриев денеска рече дека до вторник сите граѓани кои беа погодени од поплавите ќе го добијат авансот.

Димитриев истакна дека на синоќешната владина средба е одлучено фондот за аванс да се зголеми за еден милион евра.

Оваа сума во висина од 500 евра која ќе ја добијат граѓаните, како што вети премиерот, до вторник не е дел од стопроцентното обештетување на зафатените од поплавите за кое Владата ќе се задолжи со нов кредит. Планирано е за обештетувањето да се издвојат 32,5 милиони евра.

Поврзани новости