Иванов: Полицијата да не се опушта околу бегалскиот бран

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со орден за заслуги одликуваше педесетина припадници на Одделот за гранични работи и миграции и Единицата за обука и поддршка при Министерството за внатрешни работи.

-Војската заедно со полицијата успешно го менаџираше процесот на прифаќање,  транзит и излез на околу 760 илјади имигранти и бегалци кои минаа низ Македонија. 22 илјади од нив се спречени илегално да транзитираат низ земјава. Во целиот овој бегалски бран, изречени се дури 80 илјади кривични дела за криумчарење имигранти – информира Иванов.

Сепак, Иванов и порача на полицијата „да не се опушта“ околу бегалскиот бран, бидејќи како што рече, мигрантската криза допрва може тропне на вратите на Европа.

-Не смеете да се опуштите. Заканата од илегална миграција е се уште присутна. На повидок е втор помасовен емигрантски бран од Африка. Се уште постои сериозна закана од насилно отворање на Балканскиот емигрантски коридор. Сето ова се случуваше во период кога покрај длабоката политичка криза се соочуваме со закани од насилен екстремизам и тероризам -рече Иванов.

Поврзани новости